„Маџун“ – најновиот роман од македонскиот истакнат писател Влада Урошевиќ во издание на издавачката куќа „Магор“, ќе биде промовиран вечер во Кино Култура.
Во Младинскиот културен центар – Галерија вечер од 20 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Наштимана тишина“ – дебитантска книга на 14-годишната Стефанија Александар Ристовска.
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА ги поканува сите уметници од Македонија да донираат уметнички дела за прибирање средства за децата и семејствата жртви на семејно насилство – штитеници на Првиот семеен центар во Град Скопје.
Македонската филхармонија вечер со симфонискиот концерт „Слободен и среќен“ ќе го почне вториот дел од концертната сезона 2018/2019. За првпат на македонската музичка сцена како солист ќе настапи француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари и ќе го изведе атрактивниот Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од ерменскиот композитор Александар Арутунијан.
Македонска опера и балет Ви ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“ со две изведби во среда, 30.01 и сабота, 02.02.2019 со почеток во 20 часот.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ги заврши подготовките за прва изведба на театарската претстава „Детето сонува“, чиј автор е Ханох Левин (1943-1999), а режисер Итаи Дорон, двајцата од Израел.
Во просториите на СУГС „Никола Карев“ во Скопје на 7 март ќе се одржи Младински филмски фестивал во рамки на фестивалот „Три дена култура“.
Претставата „Крал Иби“ на Алфред Жари во режија на Васил Христов утревечер, премиерно ќе биде изведена на сцената на Драмски тетар во Скопје.
Македонскиот институт за медиуми (MИM), по 18-ти пат го објавува конкурсот за престижната новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината, информираат од МИМ.
Најпознатите и најчитаните современи кинески писатели за деца и за млади се застапени во антологиски избор од десет кинески книги, која деновиве излезе од печат како прв дел од едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“.