Министерството за култура денеска на својата веб-страницата (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области.
Агенцијата за филм на Република Македонија во писмена реакција на тврдењата на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ наведува дека Фестивалот и минатата година не бил поддржан, бидејќи не ги задоволувал критериумите кои Филмскиот совет при Агенцијата ги земал предвид при разгледувањето на сите пријавени проекти.
Во Виница денеска се одржа прес конференција по повод наградата „Екселенција Сатира“, која афористичарот Миле Ѓорѓијоски ја доби за најдобар странски сатиричар од Српското друштво на писатели во чест на писателот Радое Домановиќ.
Амбасадата на Република Словачка во Скопје денеска ќе ја претстави изложбата „По трагите на Свети Кирил и Методиј“ фотографска биографија на покровителите на Европа во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, во Скопје.
Македонската опера и балет на 12 февруари годинава, во 20 часот, ќе гостува во Народниот театар „Јордан Х.К- Џинот“ во Велес, а на 14 февруари, во 19.30 часот, ќе гостува во Центарот за култура во Битола (голема сала), со балетската претстава „Либертанго“ со музика од Астор Пјацола.
По поетското читање ќе следи проекција на документарниот филм за полскиот поет Адам Загајевски, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Режисер на филмот е Диме Ратајкоски.
„Ангелите и градот“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, која првпат ќе ја изведе Симфонијата бр. 4 „Лос Анџелес“ од современиот естонски композитор Арво Перт.
– Богатата колекција од ликовни дела од авторката Лена Ѓуриќ досега се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Делчево, Пехчево и Скопје, а утре за прв пат ќе бидат претставени пред љубителите на уметноста од Македонска Каменица.
Турски театар-Скопје денеска ќе изведе две претстави – од 11 часот куклената претстава „Калифот Штрк“, а од 19 часот – претставата за младинци „Ана и Хана“.
Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ реагира на целосно укинатата финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ која пред неколку дена ги објави резултатите од конкурсот за финансирање фестивали.