Македонска опера и балет Ви ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“ со две изведби во среда, 30.1 и сабота, 2.2.2019 со почеток во 20 часот.
„Македоника литера“ објави превод на македонски од книгата „Основите на будизмот: прашања и одговори“ од кинескиот автор Џао Пучу, која упатува и одговара речиси на сите прашања од будизмот во текот на изминатите 2500 години.
Проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља ќе биде македонскиот национален претставник на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција.
Битолскиот „Moving Music Theatre“, чиј основач и менаџер е Марјан Неќак ќе настапи во театарот МЕТА во германскиот град Минхен.
Центарот за култура-Битола во своето 3Д-Кино од вечер до 3 февруари ќе ја промовира македонската кинематографија.
„Бесмртност“ е насловен симфонискиот концерт на Македонската филхармонија в четврток од 20 часот, кој ќе биде посветен на творештвото на Лудвиг ван Бетовен. Диригент на концертот е Сашо Татарчевски.
Камерниот оркестар на Битола кој работи под покровителство на НУ Центар за култура, синоќа изведе целовечерен концерт, поддржан од Министерството за култура, посветен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.
Во рамки на манифестацијата „АртАреа“ вечер од 20.30 часот во Кино Култура ќе биде промовиран романот „Пливање спротиводно“ од Ненад Јолдески, кој е 168. издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“.
„До крајот на светот и понатаму“ е насловена Неделата на австралиски филм која Кинотеката на Македонија ќе ја организира од денеска до 30 јануари и ќе прикаже пет филма од австралиската кинематографија снимени во изминатите две децении.
Славчо Ковилоски од Скопје, поет, прозаист и книжевен историчар е добитник на престижната награда „Григор Прличев“ што секоја година се доделува во чест на славниот охридски преродбеник. Поемата „Крале Марко по вторпат“ е избрана за најдобра поема на конкурсот за најдобро поетско дело за 2018 година.