Поранешниот тренер на Челзи и Манчестер Јунајтед призна дека се гордее со чешкиот голман. Тие работеа долго време заедно на „Стемфорд Бриџ“.
Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс, која обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.
Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер, награден со Германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“.
Излезе од печат збирката поезија „Градот“ од делчевската поетеса Билјана Начовски. Како што информира авторката „Градот” е збирка песни која беше наградена од здружението „Златно перо“ од Битола во категоријата за необјавени збирки.
Според првичната најава, отворањето на изложбата беше планирано за ноември. Директорот на Археолошкиот музеј Горан Санев за МИА вели дека одложувањето е поради комплексноста на проектот.
Турнејата била голем организациски потфат зашто рaспоредот со настапи бил набиен и патувале од град до град со авиони и возови дури и по илјада километри за концертите закажани едноподруго. Покрај растојанијата меѓу комнцертните сали, се соочиле и со голема температурна разлика – од -30 степени на првиот концерт во северна Кина, до 20 степени на последниот настап во град во близина на Хонг Конг.
Црковниот хор „Калистрат Зографски“ од Струга вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе одржи Божикен и новогодишен концерт.
Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги отсликаат случувањата во изминатата година денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2019 година“.
Зетот, невестата, двата ѓавола и двата глупи августа, како и останатите маски инспирирани од случувањата во изминатата 2018 година, викендов традиционално ќе продефилираат низ улиците на Вевчани, во рамки на годинашното издание на Вевчанскиот карневал.
„Диско треска“ („Disco Fever“) е традиционалниот концерт што по повод празникот Василица ќе биде изведен вечер и утревечер, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.