Во Англија, во местото Кентбери, по кратко боледување, на 66 годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски.
Во галеријата „Ванѓел Коџоман” во Струга денеска беше отворена историска изложба „Русите во Македонија” со што почна одбележувањето на јубилејот 90 години Музеј „Др. Никола Незлобински”.
Познатиот белградски графички дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро, кој се смета и за еден од најинспиративните на Балканот, е специјален гостин на 11.Скопје постер фестивал, кој вчера беше отворен под мотото „Моќта на плакатот“.
Музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга од денеска до 30 ноември ќе го одбележи 90-годишното постоење со ретроспективни изложби посветени на основачот на оваа национална установа – познатиот руски лекар д-р Незлобински.
Музејот на Македонија денеска организира завршен настан од одбележувањето на Европските денови на културното наследство.
Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморативна седница за актерот Мите Грозданов, кому овој театар му беше матична сцена од 1968 до пензионирањето во 2008 година. Доајенот на македонскиот театар почина завчера во 75-тата година од животот.
Претставата „Орестија“ во режија на Дејан Пројковски и продукција на Хрватско народно казалиште од Сплит, ја доби највисоката награда за најдобра претстава во Хрватска.
„Охридска писменост“ е најновата книга на универзитетскиот професор Димитар Пандев. Книгата е објавена со поддршка на општина Охрид, а е во издание на ПНВ Публикации од Скопје.
Дирекцијата за култура и уметност-Скопје денеска ги додели трите награди од првиот конкурс за новинарски есеј на тема „Визија за европско Скопје“, кои се обезбедени со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Конкурсот беше распишан во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ и по повод Денот на ослободувањето на главниот град.
Одборот за доделување на државната награда Св.Климент Охридски“ донесе одлука за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2018 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.