Масивен ѕид открија археолозите од НУ Музеј Куманово при годинашните ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, соопштија денеска надлежните од установата.
Министерот за култура Асаф Адеми соопшти дека 071 329 040 е телефонскиот број на кој може да му се јави секој што сака да укаже на неправилност во врска со поддршката од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.
Џез-музичарот Тони Китановски денеска напладне ќе одржи предавање во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ во Музејот на Македонија.
Театар „Комедија“ вечер премиерно ја поставува претставата „Викенд на мртовци“ по текстот на Миле Попоски, која пред повеќе од 20 години се играше во Драмски театар-Скопје, а пред 30 години режисерот Коле Ангеловски го сними и истоимениот филм.
Во Музејот на современа уметност во Скопје денеска ќе се одржи работна сесија посветена на повикот за апликација за средства за категоријата „Проекти за соработка“ во организација на Канцеларијата за Креативна Европа – Култура во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа – Култура на Република Србија.
„Гитари, дирки и свирки” ќе биде првото училиште за музика и уметности во земјава, која ќе биде наменета само за деца и млади во социјален ризик каде децата ќе можат да го изучуваат инструментот или ликовната уметност, зависно што ќе одберат и тоа за нив ќе биде сосема бесплатно.
По тешко боледување денеска на 64-годишна возраст почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.
Добитник на наградата „Ацо Караманов“ е поетесата од Словенија со македонско потекло, Соња Цекова Стојаноска. Советот на 45 „Караманови средби“ наградата и ја додели за стихозбирката „Разгранети мисли во пајажина“.
Маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар го освоија првото место во категоријата на еднородни хорови на меѓународниот акапела натпревар „Varsovia Cantat” во Варшава.
Објектот на Албанскиот театар-Скопје, кој се реконструира пет години, до крајот на годинава ќе биде пуштен во употреба, а првата претстава се очекува во март 2019.