Поради временските прилики, вечерашното Меѓународно поетско читање во рамките на Струшките вечери на поезијата, наместо пред Камениот мост ќе се одржи во Даут пашиниот амам во Скопје. Времето на одржување останува непроменето, 21 часот.
На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувале и режисерот Сулејман Рушити, претседател на Комисијата, како и Берат Салиу и Арѓент Хасани, членови на Комисијата.
-Твоето ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, зошто твојот уникатен талент и актерското мајсторство не можат да се копираат.
- Заедно со твојот Гоце, со Ѓокица, Дади и Мешко, со Кате и Милица, Ненад, Коле, Чоре и останатите бардови на Драмскиот театар испишавте историја и оставивте голем аманет за наредните генерации македонски глумци, рече Тасевски.
Добитникот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од 3 до 9 септември ќе гостува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерта во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември).
Со настапот на најстарото културно-уметничко друштво во Крива Паланка „Карпош“ синоќа беше затворено 14. издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.
Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина завчера од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи денеска во 10 часот во Драмскиот театар Скопје.
Полскиот поет Адам Загајевски вечерва го прими најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“. На Мостот на поезијата беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ со што заврши официјалниот дел од 57. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата со врачување на „Златниот венец“ на годинашниот лауреат, полескиот поет Адам Загајевски и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва завршува 57. издание на Струшките вечери на поезијата.