По покана на Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик, режисерот и продуцент Јане Алтипармаков и фотографката и мултимедијална уметница Наташа Гелева, присуствуваа на свеченото отворање на ретроспективната изложба посветена на творештвото на Кјубрик и педесетгодишнината од филмот „2001-Вселенска Одисеја“.
Народниот театар од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведе својата нова претстава – „Метод“ во режија на Ирена Стеријовска, поставка работена според истоименото дело на современиот каталонски автор Жорди Галцеран Ферер.
Покрај проекциите на повеќе од сто филма во неколку програми (cinedays.mk), 17.Фестивал на европскиот филм „Синедејс“ ќе има и богата придружна програма – работилници, предавања, филмски маркет. Во Младинскиот културен центар денеска од 13 часот фестивалот организира детска работилница со Рашко Миљковиќ, режисер на филмот „Ловец на вештерки“ кој ќе биде прикажан во кино „Фросина“.
Во галеријата Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од 16-тиот конкурс „Фотомедија“ – меѓународно натпреварувачко биенале на фотографска уметност што го организира Фотоклубот „Елема 1962” од Скопје.
На средбата беа нагласени пријателските односи меѓу двете земји, пријателството и меѓусебното разбирање.
Во чест на познатиот чешки режисер Милош Форман, кој почина на 13 април годинава, филсмкиот фестивал „Синедејс“ во соработка со Амбасадата на Чешка и Чешкиот национален филмски архив ќе прикажат четири филма од раниот творечки период на Форман (1932-2018).
Во галеријата „Штајнер“ во Виена во тек е самостојна изложба на слики од ликовната уметница Наташа Станковска Зафировска. Авторката се претставува со 15 дела од циклусот „Рефлексии“ работени во техниката акрил на платно.
Во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“, денеска во објектот „Порта Македонија“ ќе биде отворена изложба на слики од деветата Mеѓународна ликовна колонија „Охрид 2018“.
Во прилепското кино „Мис Стон“ синоќа премиерно беше прикажан документарниот видео запис насловен „Експедиција нов простор“, како дел од проектот „Коти на културата“ (Координати на културата) на прилепската невладина „Агтис“ во соработка со извидничкиот одред „Феникс“.
Во Домот на млади во Штип вечер ќе почне првиот Меѓународен театарски фестивал „Театар во куфер“ кој, според организаторите, ќе биде поразличен од останaтите македонски фестивали зашто целта му е да го врати театарот на почетоците, кога се што му било потребно и доволно на актерот бил куферот со кој можел да одигра претстава секаде и пред секого.