Во салонот на Македонската опера и балет денеска ќе биде изведена популарната опера „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, комична приказна за победата на младоста и љубовта, во два чина.
Со промоција на публикацијата „Кочо Рацин“ – живот и дело од авторите Павлина Василева и Марин Клифив попладнево во „Сокачето на поезијата“ кај Спомен куќата на Коста Солев Рацин во Велес завршија 51-те Детски Рацинови средби.
Писателката Лидија Димковска за расказот „Кога заминав од Карл Либкнехт“ доби специјално признание „Европско културно наследство“, на кое ЕУ му ја посвети 2018 година.
Романо Проди, еден од водечките визионери и градители на европската идеја, поанешен премиер на Италија и претседател на Европската комисија, е добитник на Светската награда за хуманизам за 2019 година. Со оваа награда, Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани.
Документарните филмови „Камените кукли раскажуваат“ и „Двојните цркви во кумановско“ од кустосот Валентина Андреиќ и вишиот кустос Анита Трајковска Ѓорѓиоска од кумановскиот музеј освоја награди „Специјална плакета за истражувачка сторија“ и „Плакета за најдобра репортажа“ на 26-тиот Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.
Институтот за национална историја (ИНИ) ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј со свечена академија вечер од 19 часот во Македонската академија на науките и уметностите.
„Театар во куфер“ е насловен новиот меѓународен театарски фестивал што од 9 до 20 ноември ќе се одржува во Штип и ќе прикаже една гостинска и пет домашни претстави. Ќе биде отворен в петок со „Европејци“ на театарот „Драфт“ од Тузла, Босна и Херцеговина. Организатор е Домот на млади во Штип и, покрај на неговата сцена, ќе има изведби и во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“.
Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во тек се подготовките за претставата „Демократија“ според текстот на Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески.
На малата сцена во НУЦК „Антон Панов“, утревечер струмичкиот театар премиерно ќе ја одигра претставата „Забрането смеење“ од хрватскиот писател, Миро Гавран.
Националната Установа Центар за култура по повод патрониот празник и 109 години од раѓањето на композиторот и диригент Трајко Прокопиев, чие име го носи институцијата, вечерва со почеток во 20 часот, организира концерт на кој ќе настапи хорот „Света Злата Мегленска“ и диригентот Летка Димова Полизова. На програмата ќе бидат изведени дела од Прокопиев, Скаловски, Шуплевски,Лековски, Вивалди, Брајан, Семпер, Кинг, Граси.