Во Струмица денеска почна Есенската школа за млади афористичари, на која учествуваат ученици од трите средни училишта во Струмица.
Иновацијата ELIF and MELIF, семaфор за невреме на кумановецот Борис Секирарски освои сребрен медал на Интернационалната изложба за иновации ARCA и Меѓународниот саем за земјоделски иновации AGRO ARCA, која се одржа од 18-ти до 20 октомври во Загреб, Република Хрватска.
Македонскиот народен театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж . МНТ одлучи приходот од влезниците за претставата „Силјан Штркот шанца“ да го уплати на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.
Со отворање изложба на карикатури на тема „Часовникот на судниот ден“, почна Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, кој одбележува 25 години од основањето.
Од утре до 30 октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржува 12. Интернационален театарски фестивал „Скупи“, на кој ќе гостуваат седум претстави од исто толку земји.
Изложбата во Скопје е само мал дел од ризницата што ја поседува белградскиот музеј, во кој постојаната поставка е во сина и зелена боја, симболизирајќи ги небото и саваните на Африка. Најголем експонат во неа е чамец подарен од народот Фанте од Гана, кој се наоѓа на влезот на музејот.
Филмскиот музички натпревар (ФМН) бара талентирани музичари, филмаџии и графички дизајнери од Македонија за натпревар кој ќе почне глобално во сите земји, на сите континенти на 25 октомври 2018 година.
Тројцата се собраа во Штип за да кажат колку нивната уметност е маргинализирана. Носталгични се по времето кога нивните дела се објавуваа во дневните или специјализираните весници за сатира, афоризам и карикатура.
Кумановската уметница Валентина Илијевска учествуваше на петтата Интернационална ликовна колонија „Бурулус“ во Египет, која се одржа од 1 до 16 октомври во организација на Фондацијата на доктор Абдула Вахаб.
Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Јапонија во Скопје и со поддршка на Министерството за култура, од утре до 25 октомври ќе организира Недела на современ јапонски филм.