Елена Костовска со соло-концерт „Пијано рецитал“ ќе настапи вечер во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. На програмата се дела на Купрен, Дебиси, Шопен, Шуман, Лекуона, а ќе бидат изведени и композиции на Томислав Зографски.
Со настапот на британскиот џез-пијанист Александер Хокинс, кој за овој концерт доаѓа специјално од од Лондон, во Македонската опера и балет вечер ќе почне 37. Скопски џез фестивал. До недела, 21 октомври, на програмата се четири концерти во терминот од 20 часот во МОБ и три полноќни во Дансинг салата на Младинскиот културен центар.
„Мултикултура, мултилингвализам и интеркултурализам“ е насловен меѓународниот научен семинар кој денеска го организира Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид го распиша годинашниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.
Во околината на Скопје се одвиваат активности „По стапките на Дичо Зограф во Скопско“ со цел творештвото на познатиот мајстор на иконописот Дичо Зограф да му се доближи на населението од руралните средини на градот.
Министерот за култура Асаф Адеми синоќа присуствуваше и ги поздрави присутните на одбележувањето 15 години постоење на Здружението за култура, уметност и образование „Мост“.
Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер од 19 часот во објектот Чифте амам ќе отвори изложба на околу 110 ликовни дела од југословенската збирка, на автори од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Формирањето на југословенската збирка почнало во првите години од основањето на галеријата, а делата се создадени во периодот од почетокот на 19 до средината на 20 век.
Владата денеска на седница донесе одлука за обезбедување финансиски средства за реализација на меѓународната изложба „100 години Требениште“ што треба да се одржи во периодот од 15 ноември 2018 гoдина до 15 мај 2019 година, последователно во Скопје, Софија и Белград.
Македонија на почетокот на овој месец ја потпиша ревидираната Европска конвенција за копродукции во кинематографијата на Советот на Европа, што е усвоена во 2017 година.
Во Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Косовскиот модернизам-архитектонски буквар“.