Графичкото триенале во Битола почна во 1994 година. Во светот ако некоја манифестација издржи повеќе од три изданија се смета дека е сериозна и дека добро котира во светски рамки. Битолското графичко триенале годинава се одржува по деветти пат. Тоа е културен настан што во своето организирање не бележи падови, туку напротив, постојано ги зголемува содржините, пораките и мотивите за да се учествува во Битола.
На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер од 19.30 часот ќе биде одржан централниот настан на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.
Македонскиот народен театар вечер ќе ја почне новата сезона 2018/2019 со премиера на комично-тажната приказна „Еден месец на село“ - меѓу најдобрите дела во опусот на Иван Сергеевич Тургењев, кое првпат се поставува во македонски театар, а е во режија на Паоло Маџели.
Со доделување на наградите „Камера 300“, во Битола вечер ќе биде затворен 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој од минатата сабота се одржуваше под мотото „Симнуваме капа“ и на публиката и понуди 95 филмови во 14 програми.
Македонскиот кларинетист Ристо Ѓоревски со предавање, рецитал и мастерклас се претстави на осмото издание на Интернационалниот фестивал за кларинети Клариманиа 2018 што се одржа во Вроцлав, Полска.
Во Музејот на современата уметност (МСУ) од вчера е поставена изложбата „Конекции во колекциите - италијанско-македонски паралели“ која се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во неговата колекција. На изложбата, која ќе може да се посети до крајот на јануари, претставени се дела од автори кои биле дел од првата постојана поставка на МСУ во 1970 година.
Со предвидените активности за реконструкција што е предвидено да стартуваат веднаш по завршувањето на законските рокови околу тендерската постапка повторно ќе блесне сцената „Долни Сарај“ во Охрид, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во градот.
Со премиера на „Црнила ремикс“ - хип-хоп претстава според мотиви на класичното драмско дело од Коле Чашуле, по идеја и режија на Јордан Симонов и во продукција на Младинскиот културен центар, вечер ќе заврши 43. „Млад отворен театар“.
Црквата Свети Ѓорѓи од Курбиново претставува исклучителен примерок на културното наследство сочувано на тлото на нашата држава и ремек дело на византиското сликарство во 12. век. Токму оваа црква која со своите вредности претставува дел од светското наследство треба да претставува репер за нашиот однос, почитување и грижа за нашето наследство.
Проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петре Арсовски, актер и проф. д-р Александар Ставридис, хирург - уролог се добитници на државната награда „11 Октомври“ за 2018 година.