Со француската претстава „Пиксел“ во кореографија на Мурад Мерзуки, вечер во Македонскиот народен театар ќе биде отворен 13. Фестивал на современ танц „Танц фест“.
Во Градската библиотека на Пула, Република Хрватска, е промовиран документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“ изработен од студенти на Факултетот за образовни науки.
Во Македонска опера и балет вечер ќе се одржи концерт на акузматична музика со танцов перформанс во кореографија на Елена Антонова - Петровиќ.
Познатата комедија на Бранислав Нушиќ во режија на Синиша Евтимов за една деценија ја виделе 55.700 гледачи.
Македонскиот народен театар ги поканува студентите утре, 1 април, бесплатно да го посетат маратонот по повод 72-риот роденден на театарот, под мотото „Создаваме на светов убавина“.
Од 1-ви до 30 април 2017 ќе трае Конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2017 година, соопшти Министерството за култура.
Новиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики по сите светски стандарди ќе биде отворен на 21 мај.
Она што е секојдневен двигател во нашата работа го содржи слоганот за нашиот 72-ри роденден: „Создаваме на светов убавина“, истакнува Пројковски во интервјуто што МИА ќе го објави денеска.
Книжевнo пладне, по повод 30 години од смртта на големиот македонски писател Живко Чинго се оддржа денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.
Македонскиот виолинист и промотор на македонската изворна песна, маестро Зоран Џорлев годинава одбележува 40. години од неговото дејствување на полето на музиката.