На вечерта, претседателот на Центарот Олга Панкина го претстави и романот „Азбука за непослушните” од Венко Андоновски кој многу успешно беше презентиран на 31-от Московски саем на книга.
Карванот на поетскиот фестивал „Стихувалки 2018“ денеска го посети Гостивар и во Центарот за култура АСНОМ ја промовираше збирката творби со детски песни од 49 автори, избрани по пат на конкурс.
Синоќа во во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата насловена „Жена“ од уметникот Лидија Саздовска. Пред прилепската публика се претставени 25 дела на Саздовска од овој циклус. Според академскиот сликар и ликовен педагог Лидија Саздовска делата се содавани во четири децении и се дел од големиот нејзин ликовен опус.
Со претставата „Принцот Жаба“ на театарот „Крик“ од Скопје, почнаа деновите на театарот во Ресен.
На летната сцена на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка беше отворено јубилејното, десетто издание на Интернационалниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“. Признанието-лауреат на годинашниот фестивал на Македонскиот актер му беше врачено на Благоја Чоревски.
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе бидат одбележани 50 години театарска дејност на Христо (Ристе) Миладинов.
Со предавање на архимандритот Методије и со изложба на фотографии од монахот Милутин Хиландарец, вечер (19:00) во Кинотека на Македонија ќе почнат Деновите на Хиландар во Скопје, во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“.
Здружението за наука и култура од Битола и Друштвото на писателите на Македонија денеска во битолскиот Центар за култура организираат поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“ во рамки на проектот „Нов културен бран“ на Министерството за култура.
Здружението на филмски продуценти на Македонија (МЗФП) организира Денови на македонскиот филм од денеска до 21 септември во центрите на културата во девет градови во Македонија.
Годинава Остен - уметност на хартија одбележува голем јубилеј, 50 години Светска галерија на карикатури. Во 2018 година е редовното издание на Остен - Биенале на цртеж. За промоција на овие две активности во следните три месеци е планирана разновидна програма, рече на денешната прес-конференција извршната директорка на „Остен“ Корнелија Конеска.