Со традиционални песни и ора, храна и ракотворби синоќа во општина Новаци се одржаа Пелагониските културно-уметнички средби, во рамки на културно-забавното Лето Новаци 2018.
Претставата „Девојчето со жиците“ целосно соодветствува со концептот што го има Фестивалот „Охридско лето“ тој спој на театар и музика што го има и во самата драмска поставка.
Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид вечер ќе биде отворена со изложба на ракописи и епиграфски споменици.
Професорот и продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје Васо Ристов е избран за генерален директор на Македонската опера и балет (МОБ) - Скопје.
Фросина Шуман и Исидора Краљевска, кои ја посетуваа Програмата за млади уметници „Инкубатор“ во областа на танцот под менторство на кореографката Рисима Рисимкин, ќе бидат дел од Летниот камп за танц помеѓу Кина и земјите од Југоисточна и Централна Европа.
„Поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески“ е насловена книгата на Веле Смилевски во издание на „Дијалог“, која е објавена по повод 30-годишнината од објавувањето на тестаменталната стихозбирка „Посланија“ на Блаже Конески, едно од најзначајните остварувања во современата македонска поезија.
Популарни кубански танци од најразлични жанрови ќе понуди „Екос Фламенго“ групата во рамки на „Кубанската вечер“ предвидена за 26-тиот ден од годинешното фестивалско издание на „Охридско лето“.
На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица синоќа се одржаа 24. Музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На градскиот плоштад во Гостивар синоќа беше отворен 4. Меѓународен фестивал „Заборавени вредности“, На триесетина штандови поставени на плоштадот гостиварци два дена ќе можат да видат како се изработуваат предмети од дувано стакло, калиграфија, сликање на порцелан, правење кондиторски производи и многу други стари занаети.
По синоќешниот концерт на групата „Синтезис“ за 58-от роденден на „Охридско лето“, фестивалот вечер продолжува со уште една исклучителна содржина од музичката програма - настапот на дуото „Сора“ и уметниците Учида Шиори на саксофон и Фати Фехмију на хармоника.