Под мотото „Култура сега!“ од денеска до 29 јули во Струга ќе се одржи шестото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОН во организација на Иницијатива за независен културен активизам ИНКА.
Делчево се подготвува за два големи настанa на 7 август - бизнис-форум во рамки на кампањата „Да ја поддржиме прикзаната на Делчево“ и меѓународниот фестивал Голачки фолклорни средби.
Младинскиот културен центар-Скопје од неодамна е дел од големиот европски мултидисциплиниран проект за културно одбележување на Првата светска војна - Con-Front, поддржан од програмата на ЕУ „Креативна Европа“ во рамки на Европската година на културно наследство 2018.
Патувачкото кино на „МакеДокс“ го завршува деветтото патување, годинава во струшкиот регион, со „МакеДокс“ еко-доку филмски маратон на шестиот фестивал „ДримОН“ утревечер од 22 часот во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Под мотото „Култура сега!“ од 25 до 29 јули во Струга ќе се одржи шестото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОН во организација на Иницијатива за независен културен активизам ИНКА.
Музичката програма на годинашното 58. издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт за две пијана на уметниците Сун Хи Јоу и Марко Чампи на сцената на катедралната црква „Света Софија“.
Од препараторски центар на Балканот, во кој се доаѓало на обука во 1970-тите и 1980-тите години и каде што биле развиени некои техники на препарирање, особено на растителен материјал, Природонаучниот музеј денес нема препаратор и по потреба му помагаат тројца кои се пензионирани во оваа установа.
Со изложба на уметнички дела на новинарот, публицистот, екологистот и ликовниот уметник Свето Стефановски вечерва во познатото туристичко место Трпејца на источниот брег на Охридското Езеро на свечен начин ќе биде отворено седмото издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“.
Руските уметници, виолинистката Алена Баева и пијанистот Вадим Колоденко, вечер ќе одржат концерт на фестивалот „Охридско лето“.
Уметницата Наташа Милованчев овој месец во Музејот Пригорја, Галерија Курија во Загреб, Хрватска се претстави со проектот насловен „Промислувајќи го просторот’.