Во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар вечер ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Хаос“ чиј автор е ликовната уметница Алаксандра Најдовска.
Драмската програма на „Охридско лето“ продолжува вечер со премиера на претставата „Мизантроп“ на Молиер, во изведба на „Театар Комедија“. Црногорската режисерка Ана Вукотиќ ја подготови претставата специјално за фестивалот во Охрид и таа е резултат на повеќегодишни преговори со овој скопски театар.
Театар Комедија вечер на „Охрдиско лето“ премиерно ќе ја изведе претставата „Мизантроп“ според драмата на Молиер, а концерт на фестивалот ќе има канадскиот пијанист со руско потекло Еуген Сковородников.
На древната сцена на амфитеатарот во антички град Стоби вечерва во 21 часот свечено ќе биде отворен 17 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ што го организира Општина Велес, под покровителство на Министерството за култура.
Ликовниот уметник, битолчанецот Александар Поповски, синоќа во културниот центар „Магаза“, а во рамки на летниот културен фестивал „БитФест“, приреди изложба на акварели.
Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер од 20.30 часот на плоштадот „Карпошово востание“ ќе одржи вокално-инструментален концерт во рамки на фестивалот „Скопско лето“.
Изложбата на Музеј на Град Скопје во сеќавање на скопскиот земјотрес годинава е посветена на улогата на младинските работни бригади во обновата и изградбата на Скопје. На разурнатиот град први напомош му дошле младинците од двете студентски бригади на Скопскиот универзитет - „Мирче Ацев“ и „Мите Богоевски“.
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечер октетот „Прилеп“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.
Десет композиции - осум песни и две ора од Малешевијата, Пирин, Осоговијата и Овче Поле, содржи цедето „Од македонското поднебје - кон Исток“ кое вечер ќе биде промовирано во Музејот на македонската борба од 20.30 часот, во рамки на фестивалот „Скопско лето“.
„Матица македонска“ ја објави книгата „На мој начин“ од Стојан Андов, со која е најавено издавање колекција од десет тома од познатиот македонски политичар, публицист и писател, прв претседател на Собранието на Република Македонија.