Претходно се одржа и традиционалното дефиле на учесниците по велешките улици, а годинава на фестивалот присуствуваат 18 ансамбли од Мексико, Естонија, Словачка, Србија, Црна Гора и Македонија.
Поети од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија и Словенија ќе учествуваат на 8. „Струшки книжевни средби“ што од денеска до 7 јули ќе се одржуваат во Струга, Охрид, Вевчани и Дебрца во организација на културниот центар „Бран“ и ревијата „Бранувања“.
Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Физика на тагата“ во петок на 6 јули со почеток во 20 часот.
На отворената сцена во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечерва во 20:30 часот ќе биде отворен 15.Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2018“, кој го организира општина Велес, а ке трае до 7 јули.
Двата тома Критички методи и толкувања, издание на МАНУ кое произлезе од научно-истражувачкиот проект „Методи на книжевната херменевтика“, деновиве излегоа од печат. Томовите се приредени од академик Катица Ќулавкова, а во нив се објавени текстови на 22 автори.
Монодрамата „ТАА“, работена по текстот на бугарската авторка Даниела Колева, во режија на Васил Михаил, а во изведба на актерката Оливера Аризанова вечерва ја има својата јубилејна педесетта изведба.
Со дефиле на учесниците низ централното градско подрачје и целовечерен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ вечер во Охрид ќе биде отворено годинешното 57. издание на Бaлканскиот фестивал на народни песни и игри.
Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објави повик за аплицирање за годинешното осмо издание на фестивалот, кое ќе се одржи во ноември годинава во Скопје.
Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат, информираат од општина Аеродром.
Шест познати грчки уметници и петмина од Македонија инспирирани од убавините на Струга и околината веќе трет ден творат на првата македонско-грчка ликовна колонија „Културен мост“ што се одржува во организација на здружението на граѓани „Концепт“ од Скопје.