Светски познатиот археолог Захи Хавас попладнево ги посети археолошкиот локалитет Стоби и неготинскиот музеј, во рамки на неговата посета на регионот, по повод празнувањето на 24 јуни, Денот на балканските Египќани.
Со читање на песната „Липа“ од Матеја Матевски, денеска во Друштвото на писателите на Макдонија се одржа манифестацијата „Празник на липите“ на која годинашните награди на ДПМ „Книжевен жезол“ им беа врачени на поетот од Охрид Видое Видичевски и на роамнскиот поет Ѓеорѓе Добре.
Во холандскиот град Леуварден почна со работа 63. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на кој учествува и македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес вечер ќе настапи во Драмскиот театар во Трговиште, Бугарија, со комедијата „Вдовицата се мажи“ според едночинката „Мечка“ на Антон П. Чехов од 1888 година, во режија и адаптација на Младен Крстевски.
Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ја организира традиционалната манифестација „Празник на липите“ на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ кои македонската писателска асоцијација ги доделува за исклучителен поетски опус.
Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“, вечер од 20.30 часот во Македонската филхармонија ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето“.
Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, вечерва присуствуваше на отворањето на ретроспективната изложба на еден од најзначајните албански сликари, Адем Кастрати, во Националната галерија на Македонија-Даут-пашин амам.
Македонската академија на науките и уметностите денеска ја посети проф. д-р Ферид Мурад, добитник на Нобеловата награда за медицина и физиологија и член на МАНУ надвор од работниот состав.
Балканската музејска мрежа и Фондацијата „Културно наследство без граници“ од Босна и Херцеговина денеска и утре во Скопје ја организира втората меѓународна конференција „Балкански музеи без бариери“ на која учествуваат 40-ина музејски професионалци од 20 градови на Балканот.
Охрид по 17. пат е домаќин на интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“, на кој се пријавени над 80 учесници од повеќе држави.