Меѓународната конференција „Балкански музеи без бариери #2“ ќе се одржи денеска и утре во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје.
Со целовечерен концерт во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга културно уметничкото друштво „Илинден“ вечер ќе го прослави јубилејот 35 години постоење.
Како што соопшти денеска, конкурсот ќе трае до 18 јули 2018 година, а право на учество имаат здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата.
Театарот за деца и младинци утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Сонот на Вилијам“ во режија на Кренаре Невзати-Кери, работена според делата на Вилијам Шекспир.
Меѓународниот саем на уметност „Ин ситу“ (In Situ Art Fair) кој досега беше познат како „Паратисима Скопје“, го објави повикот за петтото издание кое ќе се одржува од 13-ти до 15 септември во Младинскиот културен центар.
Триото „Ад либитум” составено од флејтистката Силвана Чулева-Атанасова, кларинетистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова-Филипова вечер од 18.30 часот ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска организира свеченост по повод доделување на титулата „Почесен доктор на науки“ на Ферид Мурад, светски познат лекар, фармацевт и нобеловец со потекло од Македонија.
По 23 години на сцената на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица повторно се поставува претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Драгана Таневска.
Атрактивен акапела „Шекспир концерт“ и 11 театарски претстави ќе изведат над 500 учесници од Полска, Романија, Казахстан, Италија, Хрватска и од Македонија на годинешниот „Битола Шекспир фестивал“.
Претставата „Jedvanosimsoboakalomistobo“ на Саревскиот воен театар „Сарт“ од Босна и Херцеговина вечер ќе го отвори петтиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој ќе се одржува до 24 јуни.