Министерот за култура Алаѓозовски, истакна дека со овој буџет се прави и значаен исчекор во поддршката за активности од меѓународната соработка и за новите уметнички изрази.
Проектот за создавање албански државен ансамбл за песни и ора ќе се реализира во наредниот период и за тоа се обезбедени пари во буџетот.
„Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт - Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално културно наследство и се впишаа во репрезентативната листа на УНЕСКО.
Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во 2016/2017 година е зголемен за 10.3 проценти, а бројот на посетителите е повеќе за 2.1 проценти во однос на 2015/2016 година.
Прокиснување на зградата, обнова на инструмените, чување на дел од народните носии, како и изработка на копии на работните носии, се меѓу проблемите на НУ-Ансамбл за народни игри и песни „Танец“.
Денешните ученици растат во дигитален свет, комуницираат на интернет и информациите ги примаат со сите сетила. Затоа сакаат и наставните содржини да им бидат визуелно презентирани или преку нови и креативни документарци поврзани со темите што ги учат.
Во рамки на активностите денеска ученици од училиштето „11 Октомври“ од Скопје, ќе бидат вклучени во изработка на плакати за изложбата „Некогаш и сега“, а најдобриот од предлозите ќе биде прогласен за официјален плакат на оваа изложба.
Министерот истакна дека богатата библиотекарска традиција на нашите простори, чии корени досегаат до делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, е темелот врз кој НУБ се гради и ја развива својата дејност.
Книжевната награда Балканика 2015 е доделена на книгата „Играта, падот од небото“ на Башким Шеху од Албанија, а Балканика 2016 ја доби книгата „Црн хумор“ на Мурат Озјашар од Турција. Одлуката беше донесена во Скопје каде што викендов во неколку сесии работеше меѓународното жири.
Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркестар вчера потпишаа меморандум со цел да се зајакне соработката на двата национални оркестра.