Во трка за наградите беа 35 музејски институции од дваесеттина земји од Европа, а Историскиот центар беше посочен како исклучителен пример на музеј кој отвора емотивни историски прашања преку нивна трансформација во пораки за помирување.
Со концерт на српскиот камерен оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград и македонскиот виолинист Костадин Богданоски, вечер во Битола ќе почне 26. Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“.
Министерството за култура денеска на својата веб-страница ќе го објави Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година, кој е редизајниран и усогласен со новата стратегија за културен развој.
Во кафе-барот „Селект“ во Струмица вечер во 20 часот ќе биде отворена седмата меѓународна манифестација „100 илјади поети за промена“.
Делегации на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Влашката заедница во Битола и на Општина Битола денеска положија цвеќе на гробот на Милтон Манаки.
Претходно, во 18 часот, во „Кино Култура“ ќе биде изведена претставата „Антигона и Креонт“ на Театарот на Навигаторот Цветко. Во терминот од 22 часот на сцената на МКЦ ќе гостува шпанскиот театар Agrupacion Senor Serrano со претставата „Птичка“.
Осумнаесет претстави се на програмата на 42. фестивал Млад отворен театар (МОТ) кој ќе се одржува од денеска до 4 октомври.
Годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело се музичкиот уметник Влатко Стефановски во областа на културата и уметноста, и историчарот, проф. д-р Амет Шериф – во областа на науката и образованието.
Организаторите информираат дека подготовките за гала отворањето во Центарот за култура во Битола се завршени и оти градот се полни со љубители на филмот.
– Ја истакнуваме нашата посветеност и заложба – овој Центар да се операционализира што побргу и да почне да придонесува со конкретни програми и активности за зајакнување на нашата соработка, истакнал министерот Алаѓозовски.