Биографската книга „Сеќавање на еден енергичен и исполнет живот - Томе Бомбај“ посветена на политичарот и општественик Томислав Стојановски - Бомбај
Во издание на „Бата прес“ се објави романот „Сивиот човек“ од славниот американски автор на шпионски трилери Марк Грини
Работиме на зачувување на Охридскиот регион со оној статус кој го има и со унапредување, бидејќи само така може да го потврдиме статусот доделен од УНЕСКО, посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција
Кровот и фасадата во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга се целосно реконструирани во рамките на проектот „Реконструкција на природонаучната поставка“, а предвидено е и преуредување на витрините со музејски збирки
Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра, информира на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска
Започнаа подготовките за десеттото издание на традиционалната поетска манифестација во Гостивар
Националната установа Завод и Музеј-Битола во координација со Управата за заштита на културното наследство, спречија оштетување на неолитскиот локалитет Влахо
Во Културно-информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица денеска ќе биде отворена патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“
Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини под диригентство на Андреја Наунов
Јадро – Асоцијација на независна културна сцена денеска организира јавна расправа по повод промоцијата на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата наспроти економско-социјалните услови за работа во независниот културен сектор“