Во Спомен собата на Миладиновци, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечер, ќе биде промовиран романот „Водена приказна“ од Александар Кукулев
Во рамки на Скопје филм фестивал вечерва ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.Ова е нејзина четврта книга, издавач е „Аквариус“
Во Галеријата Рудиќ вечерва ќе биде отворена заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил, на тема „Над вода – под вода“
Самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, вечер ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите
Во Националната опера и балет вечер ќе се одржи вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски
Со отворање на колективната изложба заврши 14-та Меѓународна уметничка колонија во организација на Уметничка галерија Тетово. Пред тетовската публика изложени се делата на 16 уметници создадени во текот на колонијата што се одржи од 26 до 31 август на Попова Шапка.
Целта на работната посета, како што соопшти Министерство за култура, била финализирање на подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.
Изложба со македонски археолошки предмети, кои претставуваат врвни уметнички достигнувања во доменот на социјалните и религиските форми карактеристични за разни етапи на предисторијата од ова поднебје во наредните три години ќе бидат изложени во Њујорк, Чикаго и во Отава.
Селекцијата е составена од снимки на разни активности од секојдневието, народни игри, пазари, панаѓури, како и приказ на бројни манифеставии, настани и славни личности од културно-политичкиот живот во тоа време.
Дваесет и осум автори од Македонија и Хрватска ќе учествуваат на 10. меѓународна книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“ што во петок и сабота ќе се одржуваат во Струга и Вевчани.