Операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма се создава и се восприема само со љубов
Косовскиот сликар Фехми Хоџа пред љубителите на ликовната уметност во Гостивар го претстави последниот циклус „Космос“
Националната установа – Центар за култура „Бели мугри” од Кочани денеска организира завршен концерт на Фолклорниот ансамбл „Мугри“ и Оркестарот за изворни народни песни и ора при оваа национална установа
Рецитал во рамки на Фестивалот „Златна лира“ со дела од Бетовен, Шопен, Лист и Скрјабин вечер во Музејот на македонската борба ќе одржи младиот талентиран пијанист Арсениј Ангелески, ученик во средното музичко училиште во Битола
Издавачката куќа „Чудна шума“, денеска, во Скопје, ќе ја промовира сликовницата „Приказна за малиот Уг“ од авторката, уметница и илустраторка Ирина Атанаскова, која на најмалите читатели им ја приближува темата за прифаќање на различностите и инклузија
Во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа почна дводневната меѓународна манифестација „Балкан Фест“-Куманово 2022, на која учествуваат држави од регионот
Младата уметница Ермира Реџепи од Тетово се претставува со свои дела пред домашната публика со изложба насловена „Меѓу зора и самрак“. Нејзината изложба свечено беше отворена вечерва во просториите на Уметничката галерија во Тетово.
Новото издание на ПИН со оваа титула станува славеничко издание, а ќе се одржи од 24 до 26 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје.
-Општина Штип како организатор и покровител на „Макфест“ оваа година навремено и во целост ги заврши подготовки за почеток на истиот. Со задоволство ве известуваме дека очекуваме многу нови хитови, истакна Арсовски.
Концерт на класична гитара во изведба на Георги Трајков ќе се одржи вечер од 19.30 часот во Културно-информативниот центар – Скопје, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ Георги Трајков (1997, Струмица) дипломирал нa Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Дарко Багески