Министерството за култура соопшти дека се објавени конкурсите за доделување на државните награди „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ и „Мето Јовановски“ за 2022 година. Конкурсите за доделување на овие две државни награди ќе бидат отворени од 1 до 31 октомври годинава.
Претставата „Така зборуваше Гертруда“ од Миа Николоска вечер премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар во Скопје. Режисер на претставата е Ангелчо Илиевски, а во насловната улога е Соња Стамболџиоска.
Во издание на „Либи“ дел од „Арс Ламина – публикации“ излезе од печат на македонски јазик новиот роман за деца „Капут од мов“ од српскиот писател Стеван Тиќми.
Фестивалот ќе се одвива во наредните три месеци под темата „Современи (не)демократии II: Грижата и заедничките простори“ со повеќе настани во Скопје, соопшти уметничкиот директор на АКТО фестивалот Филип Јовановски.
Во позната париска книжара „Прозорец на писателите“ (Lucarne des ecrivains) синоќа беше промовирана поетската книга „Франчускиот син – Сонот на Фанон“ од Константин Плевнеш издадена од издавачката куќа Мерл Мокер, јави дописникот на МИА.
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва ќе биде отворена втората самостојна изложба „Вера, Надеж, Љубов“ на роднокрајната авторка Нада Ѕмбова Донева.
Со претставата „Том Соер“ во режија на Деан Дамјановски вечер ќе биде отворено првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, во организација на Театар за деца и младинци – Скопје.
Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница, вечерва ќе биде промовиран стрип албумот „Ægri Somnia“ на докажаните и едни од најактивните стрип автори во државата Дарко Богданов (цртеж) и Александар Стеванов (сценарио).
Во ЕУ Информативниот центар „Europe hоusе“ во Скопје денеска ќе се одржи официјалната промоција на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од шпанскиот писател Антонио Г. Итурбе.
Деветнаесетто издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2022“, под мотото „Во нови слики“, кој годинава наместо во археолошкиот локалитет Стоби е на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, привршува