Селекцијата е составена од снимки на разни активности од секојдневието, народни игри, пазари, панаѓури, како и приказ на бројни манифеставии, настани и славни личности од културно-политичкиот живот во тоа време.
Дваесет и осум автори од Македонија и Хрватска ќе учествуваат на 10. меѓународна книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“ што во петок и сабота ќе се одржуваат во Струга и Вевчани.
Илустрации на Кристијан Јованоски, Инес Ефремова, Надица Златкова-Митевска и Наташа Андонова од синоќа се изложени во Галеријата на ликовните уметници во Пазин.
Филмскиот фестивал ќе се одржи од 5 до 10 октомври и ќе може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно образование.
Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена.
Белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ денеска во кафе-книжарницата „Буква“ од 19 часот ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград
Лауретката Дарија Ризова рече дека оваа награда е од големо значење за неа и и претставува привилегија.
Во Куманово вечер во 20 часот во Занаетчискиот дом ќе почне тридневниот „Џез фестивал“, информираа денеска организаторите, Институтот за наука, уметност, култура и спорт (ИНУКС).
Од викендов во Виница почнува вториот дел на детската работилница „Театар на сенки“, што како проект поддржан од Министерството за култура успешно се реализираше во Кочани во текот на мај и јуни годинава
Во рамки на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој се одржува во Струмица, денеска беше промовирана книгата „Интеркултурна комуникација на танцови идентитети“ од Јоана Шишкова-Медаровска