Хрватскиот ансамбл Трио Јонген вечер ќе настапи во Музеј на македонска борба, како дел од програмата на 42. издание на Скопско лето
Објавен е третиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ од авторот Александар Стеванов, графички дизајнер, стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип. Станува збор за проект од национален интерес во културата за 2021 година, поддржан од Министерството за култура.
Во рамки на проектот „Млади поетски пера – Стиховите градат мостови“, Здружението за култура и заеднички вредности „КРИК 094“ од Гостивар објави конкурс за млади поети
Карневалските групи „Струма”, „Мулен Руж” и „Газели”, како претставници на Струмичкиот карневал, настапија на 18. Врњачки карневал, кој се одржа вчера во Врњачка Бања, Србија
„Гласје“ е насловена новата поетска книга на Васил Дрвошанов, која содржи педесет песни илустрирани со исто толку оригинални графики од Трајче Блажевски
По пауза од една година поради ковид-пандемијата, викендов се одржува Галичката свадба на која годинашни невеста и зет се Катерина Илиевска и Филип Бундовски
Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската унија, денеска ќе биде домаќин на „Вечерта на ЕУ’’ на фестивалот „Охридско лето“ која ќе ја одбележи настапот на реномираните словенечки музичари Ирена Графенауер на флејта и Мате Бекавац на кларинет
Во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес, вечер од 20.30 часот концерт ќе одржи велешката група „Д чикс", во рамки на програмата на „Велешко културно лето 2021" што го организира Општина Велес
Во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево, вечерва ќе биде отворена изложба на слики на младата уметница, Валдете Ибиши, со работен наслов „Прекрасните убавини на старите куќи“
Во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе биде презентиран проектот „Годови“, осмислен како спој на телевизиски сегменти што се регистрирани од камерите на Македонската телевизија низ децениите, а содржат настани, интервјуа, концерти, претстави од богатата фестивалската историја