На големата сцена во Македонскиот Народен Театар, вечер репризно ќе се изведе балетот „Чиполино“ во продукција на Bullfrogs Ballet. Премиерата на „Чиполино“ се изведе во јуни минатата година во салонот на МНТ.
Во Драмски театар Пловдив, започнаа пробите за претставата „Без крв“ по истоимениот роман на Алесандро Барико. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ заедно со Драмскиот театар Пловдив.
По распаѓањето на СФРЈ, Конвенцијата во Република Македонија е во сила од април 1997 година, а МНК Синиот штит ја промовира и афирмира Хашката конвенција заради целосно имплементирање на сите нејзини постулати за кои се усогласиле земјите потписнички.
Влатко Стефановски, познатиот македонски виртуоз на гитара, на 16 декември во Сава центар во Белград со концерт со пријателите ќе одбележи 50 години од својата кариера, јави дописникот на МИА од Белград.
И покрај нашите бројни предупредувања во 2023 година, македонскиот филм доби буџет за 2024 кој не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија и кој ја води во нејзино забрзано системско распаѓање.
Кумановскиот театар утре со почеток во 18 часот ќе ја изведе новата детска претстава „Волшебникот од Оз“, информираа денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата на мултимедијалниот уметник Златко Крстевски.
Се зацврстуваат релациите меѓу македонските и српските филолози за афирмација и развој на македонистиката
Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.
Слично на него, и Христијан Марковски веќе втора година наоѓа инспирација во кавалот, омилен инструмент во неговото семејство.