Оваа година во месец август КУД Илинден-Битола одбележува 65 години од своето постоење
Во Галичник задутре, 15 август, ќе почне 31. Ликовна колонија на која таму ќе престојуваат и творат девет македонски уметници, а девет странски, кои се предложени од нивни македонски колеги, ќе учествуваат онлајн поради пандемијата со КОВИД-19. „Коегзистенција” е годинава тема на Галичката ликовна колонија и ја третира (загубената) релација помеѓу природата и човекот
Стихозбирката „Големата прегратка“ на Павлина Атанасова вечер, во 20 часот, ќе биде промовирана на платото пред Младинскиот културен центар
Десеттиот фестивалски ден на „Охридско лето“ носи две интересни содржини, концерт на украинското дуо Дима Ткаченко на виолина и Роман Лопатински на пијано, како и Гала концерт и премиерната изведба на балетскиот спектакл „Болеро“ на Националната опера и балет
Два концерта, на Тони Китановски и на Ема Попивода, ќе се одржат во рамки на Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2020
Во рамки на „Велешкото културно лето 2020“, што го организира Општина Велес, беше промовирана стихозбирката на младиот прилепски поет Филип Димкоски „Во градината има само љубов“. Настанот беше организирана во соработка со велешкиот Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“, а ја промовираше претседателката на клубот Лила Арсова. Членовите на Клубот читаа поезија од оваа стихозбирка и настанот беше збогатен со афоризми од Атанас Крлевски
Книгата „Монологија“ на Васко Тодоров во која се собрани сите култни монолози на неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот од легендарното шоу „К-15“ беше издадена неодамна под капата на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, информираат од Литература.мк
Уметникот и хуманист со македонско потекло Мајкл Клос денеска подари дваесеттина свои уметнички дела за Општата болница во Охрид, како признание за активностите што здравствените институции и работници ги спроведуваат во справувањето со епидемијата на коронавирусот
Комплетната дискографија на прославениот Васил Хаџиманов, и неговиот бенд, сега е достапна на сите дигитални платформи објавени од „Кроација рекордс“. Станува збор за осум албуми кои сега се достапни за луѓето ширум светот
Деветиот фестивалски ден на годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за концертот на словечениот гудачки квартет „Дисонанс“, во состав Јанез Подлесек како прва виолина, Матјаж Поровне како втора виолина, Оливер Диздаревиќ на виола и Клемен Хвала на виолончело