Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди
Во три одделни пожари во кочанскиот регион изгореа над 30 декари засеани со јачмен, како и неколку декари лозја и ниви со пченка
Зголемената фреквенција моторни возила во летниот период, заедно со покачените температури, придонесуваат и за зголемен број на сообраќајни незгоди и на бројот повредени и загинати на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ
Започнуваат активностите за изградба на секундарна и примарна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро. Се работи за долго очекуван проект за сопствениците на викендици, но и за граѓаните, гостите и туристите
Културно уметничкото друштво „Брвеница“ денеска е домаќин на фолклорните средби „Брвеница игра и пее“, на кои покрај домаќините ќе настапат уште шест други друштва и ансамбли
Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер
Во понеделник во раните утрински часови на подрачјето на општина Куманово ќе се изврши авионско прскање против комарци, соопштија денеска од Општината и ги повикаа пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите
Пред кичевската публика, нагласи, премиерно ќе се претставиме со дванаесет стари албански песни аранжирани од моја страна стриктно наменети за потребите на квинтетот „ Алегро“
Од утре следува период на стабилно време, освен в понеделник кога во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи