Со положување на цвеќе на споменикот на „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Штип почна чествувањето на празникот на сесловенските просветители, богослужба се одржа и во цркавата „Свети Кирил и Методиј“ во населба Баби.
Света архијерејска Литургија денеска беше одржана во Бигорскиот скит, посветен на солунските браќа, во селото Битуше, во спомен на сесловенски просветители, солунските браќа Кирил и Методиј.
Делчево денеска ги слави заштитниците на градот, светите браќа Св.Кирил и Методиј. По тој повод, преосвештениот епископ делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше со божествената литургија во храмот посветен на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Во чест на револуционерот Доне Попов, денеска во кавадаречкото село Бохула беа одбележани сто години од неговото раѓање, како и 80 години од неговата смрт.
Традиционално како и изминатите години македонската заедница во Србија и годинава го одбелжа 24 мај-Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
По повод 24 Мај - Денот на сесловенските и македонски просветители, браќата Кирил и Методиј, денеска во Велес во црквата „Св.Кирил и Методиј“ се отслужи Света Архиерејска Литургија.
Таа додаде дека со тренинзите биле опфатени и креирањето на соодветни планови за квалитет на амбиентен воздух, како и за програми за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи граѓани.
Исто така, признанија и награди беа доделени и на воспитувачи и негуватели во градинките, кои се истакнале со исклучителни резултати во својата професија.
Променливо облачно време ќе преовладува во деновите од викенд, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.
На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, претседателот на партијата Васил Стерјовски оцени дека солунските браќа се исклучителни личности, чие дело во ширењето на словенската писменост останува фундамент во нашата култура и образование.