Кумановските пожарникари во просториите на ТППЕ Куманово денеска со свечен прием за соработниците, претставници од повеќе општински и државни установи го одбележаа 20 мај - Денот на пожарникарите.
Да се намали употребата на пестициди во земјоделството, да се засадат што повеќе медоносни растенија и да се имплементираат ефикасни политики за справување со климатските промени, е пораката од денешната манифестација што се одржа по повод Светскиот ден на пчелата, 20 Мај.
По повод 20 Мај - Денот на македонските пожарникари денеска во Противпожарниот дом познат како Пожарна во Велес имаше Отворен ден со граѓаните.
Територијалната противпожарна единица-Битола наскоро ќе добие нов нов објект, најави градоначалникот Тони Коњановски на денешната свеченост по повод 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија.
Нашите пожарникари се секогаш овде и се во служба на нашите граѓани во општините Штип и Карбинци, истакна денеска штипскиот градоначалник Иван Јорданов на средбата со пожарникарите во Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, по повод Денот на пожарникарите.
Со првиот лет сезонава до Охрид допатуваа 138 туристи кои ќе бидат сместени во некои од сместувачките капацитети со кои соработува „ТУИ“.
Еко-свест, како што наведуваат, го дава својот приднес кон програмата на новата Влада и ги образложува мерките за секоја од компонентите за заштита и унапредување на животната средина.
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Со вклучена звучна и светлосна сигнализација денеска низ улиците во Струга, струшките пожарникари го прославија Денот на пожарникарите - 20 Мај.