На подрачјето на тетовскиот регион изминатите два дена од страна на полициски службеници изречени се 80 предупредувања за неносење задолжителна заштитна опрема, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Од вкупниот број, 31 лице добиле и писмено предупредување
Пронајдени се експлозивни направи на местото „Буковик”, пехчевско. Според информациите на полицијата, експлозивните направи од минофрлач и топ се пронајдени во текот на вчерашниот ден во близина на патот кој води кон планината Кадица
На првиот ден од мај времето е променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец
Во Дебар и Центар Жупа, двете општини кои беа првото жариште на коронавирусот во државава, при крај е скринингот за имунитетот на населението, што почна пред една недела.
Продажба на кафе и топли напитоци во Гостивар нема да има до понеделник, се наведува во обраќањето на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на официјалната страница на општината и преку Фејсбук профилот.
Во Дебар и во последното деноноќие, или петнаесето по ред нема новодијагностицирани со „Ковид-19“, потврдуваат официјалните податоци
Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува кафе за носење, а угостителските објекти ќе работат со шалтерска продажба, најави градоначалникот Арбен Таравари, нагласувајќи дека предлогот на меѓуопштинскиот штаб на Гостивар бил одобрен од централниот штаб. Услугата ќе се базира на принципот „земи-носи“
Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова денеска соопшти дека разликата од својата плата до 14.500 денари ќе ја донира во Фондот за борба против вирусот КОВИД-19
Крушево доби донација од 30 таблети од компанијата „Еколог“, опрема која треба да им послужи на учениците кои немаат соодветни уреди за да следат он-лајн настава додека трае кризата со коронавирусот
Гостиварското муфтиство организира хуманитарна акција со која денеска ќе се распределат триста пакети за верниците од социјално загрозените семејства додека траат рамазанските пости