Стружани од денеска локалните проблеми ќе може да ги пријават преку апликацијата Prijavi24, соопшти Општина Струга.
По повод денешниот, прв ден на велигденските пости, познат како чист понеделник, Свештената бигорска Обител, упати порака до верниците, посакувајќи благословен пост.
- Во април започнуваме со маркирање на подрачјето, студија за валоризација на вредностите и социо-економска студија, што ќе доведат понатаму до процесот на прогласување, информираше Ѓорѓи Митревски, програмски координатор за води.
Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
За разлика од имунолошките техники базирани на детекција на антитела што се развиваат после одреден период (седум дена) по инфекцијата, молекуларната технологија е погодна за детекција на акутни состојби на инфекција.
Од Музејот на тетовски крај велат дека нивниот Управен одбор одобрил поставување на бистите во дворот на спомен куќата на ЦК КПМ во населбата Два Бреста. Засега изграден е постамент на кој се ставени бистите, а треба да се работи и на уредување на споменикот.
-Патувам за Абу Даби, во посета на мои блиски. Летот е директен исто како и за Дубаи, каде сум патувала претходно. Од Скопје не е така, вели дебранка, која не го крие задоволството и од услугата на вработените.
Во повеќе населби и села во Пијанечко-Малешевскиот регион вечерва се палеа купови со смрека познати и како стреловишта, како дел од народната традиција за одбележување на празникот Прочка.
Пред почетокот на велигденските пости епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, денеска упати порака со која посакува благословен пост и добра Четириесетница.
Групната маска „Тутуноберачите“ на децата од прилепските градинки „Наша иднина“ ја понесе Гран при наградата на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“.