Регионалниот ЦУК Битола информира дека вчера во 10.30 часот, од пиротехничар на битолската ДЗС, од рудникот „Брод“ била безбедно подигната артилериска граната со калибар од 155 мм. со потекло од Првата светска војна, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој беше маскиран како Наполеон Бонапарта.
СВР Тетово најави дека во недела од 9 до 17 часот во градот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија.
Оваа група предводена од учителката Соња Цицимова и нивните родители изминатите денови ја усовршуваа кореографијата за настапот. Младите карневалистите повеќе години по ред освојуваат награди и успешно го претставуваат Струмичкиот карневал на карневали во странство.
Со низа манифестации и во весела атмосфера, Прилеп ги почна карневалските свечености за „Прочка 2024“ кои утре напладне ќе кулминираат со централното дефиле на маските кое ќе го предводат „Прилепските мечкари“, а се очекуваат околу 500 учесници.
Во Скопје променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook статус го повика министерот Љупчо Николовски на тв дуел кој би се одржал на било кој медиум по желба на министерот Николовски.
За време на дискусијата беше направен преглед на резултатите од серијата секторски консултации за аспектите на детската сиромаштија поврзани со образование, здравство, исхрана и социјална заштита.
Во СВР Битола постигнати се одлични резултати, посебно во борбата против дрогата, против неовластено пуштање во промет на оружје, а на овој дел не е регистрирана миграција што е за пофалба, изјави Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи.
Учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес со премиерата „Штрајкот на велешките гимназијалци“ синоќа на малата сцена на велешкиот театар одбележаа 82 години од Штрајкот на велешките гимназијалци од 14 март 1942 година.