Општина Охрид им наложи на сопствениците на дуќани во Стариот дел на градот да ги отстранат светлечките реклами од пред нивните објекти.
Спротивно на препораката на Бернската конвенција, на вчерашната седница Владата го усвои текстот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, без претходно да се ревидираат зонирањето на езерото и дозволените активности во различните зони.
Неврологот Бабуновска е избрана меѓу финалистите во областа на неврологијата со својата поднесена статија „Фрактури кај лица со епилепсија: Кохортна студија базирана на национално ниво“ објавена во научно списание „Epilepsia Open“.
Стариот пат кон манастирот во Крива Паланка, "Св Јоаким Осоговски" е комплетно затворен за сообраќај поради санација на свлечиште, а граѓаните и посетителите се пренасочуваат кон новиот пат. Општинските служби нагласуваат доследно и во целост да се почитува оваа забрана.
Од Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР за МИА изјавија дека сообраќајот и преминувањето на границата со Република Грција на трите гранични премини-Богородица-Евзони, Стар Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално и без застои.
Лозарите и од поширокиот велешки регион на Општините Велес, Градско и Чашка по традиција и годинава на денот на Свети Трифун денеска ги закроија своите лозови насади на празникот на лозарите и винарите.
Тој ги повика и компаниите да го рекламираат својот бренд на автобуските постојки, со што ЈП „Стипион“ ним ќе им ги даде на закупување.
Како што вели директоторот на АХВ, Николче Бабовски за МИА, дефинирани се заштитната зона од три километри околу жариштето и зона под надзор во радиус од 10 километри.
Со симболично закројување винови лози, денеска беше одбележан Свети Трифун во Кавадарци, верскиот празник што се смета за заштитник на градот и лозарите и винарите.
Ова го истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој беше во Тиквешијата во рамките на одбележувањето на Свети Трифун, како заштитник на лозарите и винарите.