До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање во Кичево, со што престануваат да важат заштитните мерки и препораки поради алармантно загадување воведени пред една недела.
Во последното деноноќие имало вкупно 1.627 повици на Единствениот број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Планинарскиот марш поминувал низ живописна природа, со тоа што тие попатно ја посетиле куќата на дедо Митко Станоевски, првиот ороводец на орото Копачка во селото Драмче.
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран вечерва во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип.
Натпреварот се организира во чест на Денот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.
Како што информираа учесниците во денешната акција, целта е жителите да бидат подготвени за одбележувањето на празникот Ѓурѓовден, кој секоја година го слават кај месноста Ѓурѓов Даб каде се наоѓа самиот манастир.
Во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,5 отсто, а 58,5 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, традиционално ги објави десетте најзначајни настани во изминатата 2023 година.
Општина Тетово и јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ денеска официјално ја пуштија во употреба воспоставената автобуска линија Тетово-Попова Шапка-Тетово.