На страницата,која е достапна на албански и англски јазик може да се најдат информации за раководните структури на општината, активностите на локална власт, како и други информации од повеќе области во интерес на жителите на општината.
Државниот завод за статистика соопшти дека во 2018 година во споредба со 2017 година, земјоделските површини се намалени за 0,1 процент. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,3 проценти, кај овоштарниците за 1,7 и кај лозјата за 1,6. Намалување е забележано кај ливадите за 0,4 отсто и кај пасиштата за 0,5 проценти.
Работниците прогласени за тешнолошки вишок од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска се собраа на штрајк пред компанијата, барајќи конкретни одговори кога ќе им се исплатат отпремнините. Последно добиле ветување дека ќе се реши околу 22 март, но досега нема ништо.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува изградба на кафилерија. Фабриката во која ќе се преработуваат нус-производите од животинско потекло ќе биде лоцирана во Општина Лозово и се очекува да профункционира во 2021 година.
Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување градежни работи на автопатот Приштина – Скопје, во наредните пет дена привремено ќе биде затворан регионалниот пат Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до преминот Блаце на границата со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тие на крајот на трибината едногласно го изгласаа старешкиот документ за Планот за одржлива урбана мобилнист, а кој е изготвен од АПИА и ќе биде доставен до Општина Велес и медиумите
Светиниколските пожарникари денеска добија седум рачни мевови за вода, со што полесно ќе можат да ги гаснат шумските пожари и на оние непристапни локации, каде што противпожарните возила не можат да пристигнат
Општинската организација на Црвениот крст Берово денеска во домот на семејството Мирчовски од село Русиново ја достави помошта која претходно ја обезбеди со помош на хуманите граѓани, кои донираа за 12-членото семејство од Русиново, кое во неделата остана без кров над глава откако куќата целосно им изгоре во пожар
На денешната 60-та редовна седница членовите на Советот на Општина Дебар, покрај другото ја разгледаа и усвоија завршната сметка на буџетот на општината за 2018 година
Проширувањето на градинката „Морковче“ во Јурумлери се одвива според планираната динамика. Ова денеска го изјави градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, кој заедно со службите на општината изврши увид во градежните активности