На денешната 60-та редовна седница членовите на Советот на Општина Дебар, покрај другото ја разгледаа и усвоија завршната сметка на буџетот на општината за 2018 година
Проширувањето на градинката „Морковче“ во Јурумлери се одвива според планираната динамика. Ова денеска го изјави градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, кој заедно со службите на општината изврши увид во градежните активности
Во Кичево денеска се спроведе презентација на проект за соларна енергија, односно за сончеви покриви, под мотото „Сонцето нека ги плаќа нашите сметки“
Директорот на канцеларијата за развој од УСАИД во Република Македонија, Едвард Гонзалес, денеска ја посети Општина Куманово, кој оствари и средба со градоначалникот Максим Димитриевски
Во сите штипски основни и средни училишта вчера и денеска се поставија садови за електрична и електронска опрема
Во врска со наводите на граѓанската иницијатива Охрид SOS и коментарите на поединци и здруженија во однос на спроведување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, ја информираме јавноста дека ваквите наводи се необјективни, паушални и во крајна линија невистинити
Во наредниот период, преку Програмата за прекугранична соработка во Кочани ќе се реализира реконструкцијата на Мултикултурниот центар, објект што меѓу граѓаните е познат како Старо кино. Со претстојните градежни активности ќе се обезбеди техничко решение за негова хидроизолација, ќе се постави термоизолациска фасада и ќе се изврши внатрешно уредување.
Околу 50 претставници на клучните владини институции, министерства и развојни партнери денеска во Скопје учествуваат на првата национална работилница за подготвителен проект за Зелениот климатски фонд (ЗКФ) со цел официјално започнување на подготвителните активности на Република Северна Македонија за соработка со ЗКФ.
Во рамки на активностите за подигнување на јавната свест Македонско еколошко друштво во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за POPs организира работилница за координација меѓу надлежните институции во однос на процесот за отстранување на малата депонија со линдан во кругот на фабриката Охис во Скопје.
Според описот се работи за видео снимено на патот Охрид односно кај селото Куратица.