Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по неколку часовна работа го исчисти од снег патот кон дебарското село Горно Косоврасти.
Во општина Пехчево по пауза од 10 години се одржа ликовна изложба. Директорката на Домот на култура Јане Сандански, Ана Марија Теохарова е задоволна што изложбата насловена „Парижанка во Пехчево” од авторот Лена Ѓуриќ го предизвика интересот на публиката.
Проектот „Панел2050 – партнерство за ново енергетско лидерство 2050“ и Центарот за развој на Североисточниот плански регион, денеска, во Куманово, ја организираа седмата работилница, на која беше претставена „Енергетската мапа 2050 на СИПР“ и акциските планови што произлегуваат од мапата.
Поради пад од лизгање на снег, неделава, во велешката болница со фрактури се јавиле 16 пациенти. Портпаролот на велешката ЈЗУ Општа болница Марина Андова, за МИА информираше дека повредените, главно повозрасни, биле со фрактури на екстремитетите, а некои и со повреди на колкот.
Дворот и куќата на Марјан Шапкароски се прво наградени на конкурсот што Општина Охрид го објави за најубаво новогодишно украсен двор или балкон. Тој од општината доби ваучер од десет илјади денари.
Голем е интересот кај кавадарчани и росоманци за набавка на земјоделска механизација преку ИПАРД програмата.
Интензивно се чистат улиците во Прилеп, проодни се патиштата до речиси сите населени места и нема поголем проблем со водоснабдувањето, информираат денеска градските служби на Прилеп и јавните комунални претпријатија.
Средствата се одобрени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се наменети за руралната инфраструктура, односно за подобрување на пристапот до обработливи земјоделски површини во подрачја во кои има интензивна земјоделска дејност.
Општина Новаци успешно се справува со интензивните врнежи на снег која ја зафатија територијата на општината.
Се реконструира ОУ „Васил Главинов“ во Чаир кое е едно од најстарите основни училишта во Скопје. Во реконструкција на трите блока на училиштето и на внатрешна санација на електричната инсталација се вложени над 14 милиони денари.