За возење во зимски услови, секогаш е потребно многу поголемо внимание и поголема концентрација. Притоа, покрај поседување задолжителна зимска опрема, сите возачи кои ќе го прифатат предизвикот да возат во зимски услови, треба да располагаат и со oдредени знаења и вештини како безбедно да пристигнат до посакуваната дестинација.
На превојот Плетвар сообраќајот се одвива непречено за сите видови возила, информираат од подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп. Коловозот е исчистен, има малку кашест снег, но не предизвикува застој во сообраќајот. Имено, на Плетвар снежната покривка е околу 30 сантиметри.
Засега нема отсечени и непристапни населени места иако снегот што постојано паѓа и ниските температури може да влијаат на негативна промена во овој правец.
Снежната покривка во Охрид е 33 сантиметри, а околу 35 сантиметри е и во Струга, информира раководителот на Центарот за управување со кризи – Охрид, Митко Темелковски.
На само четири километри од радовишкото село Дамјан се наоѓа новото рудно тело „Боров дол“, што значи спас за единствениот рудник за бакар и злато „Бучим“.
Новогодишниот турнир во мал фудбал ,,Есперо“, што по повеќе од десет година беше обновен во Гевгелија по иницијатива на организаторот ФК „Кожуф“ и под покровителство на Општина Гевгелија, заврши со триумф на екипата ,,Пајдаков-Бекарт“ од Гевгелија која во финалето ја совлада екипата на ,,Казино Фламинго“ со убедливи 5:1.
Водостоите на реките во Македонија се под просекот за месец јануари. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечни се нивоата на Вардар кај Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Црна Река кај Новаци, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.
Укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила преку на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, како и на патот Струга – граничен премин Ќафасан, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Студениот бран со врнежи од снег што ја зафати Македонија го отежна одвивањето на сообраќајот, но засега без застои и посериозни проблеми. На Меѓународниот аеродорм Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања, а со вообичаено доцнење за зимски услови се одвиваат железничкиот и патниот сообраќај.
Општина Гази Баба и Агенцијата за млади и спорт денеска го одбележаа почетокот на градежните активности за поставување на ново осветлување на спортското игралиште „Фортуна“ кое беше сосема уништено во поплавата која ја погоди општината во 2016 година.