Забрана за тешки товарни возила е воведена на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Забрана за тешки моторни возила е воведена на патниот правец Ресен – Битола, на планинскиот превој Буково, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Вршителот на должност, градоначалник Константин Георгиевски , утрово одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб, директорите на јавните претпријатија и претставници од Територијалната противпожарна единица со цел преземање на активности и мерки за непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Охрид, во услови на снег.
Снегот кој од синоќа врне непрекинато со променлив интензитет во Кичево и кичевско сега за сега на предизвикува големи тешкоти.
Снегот што почна од утрово да паѓа на територијата на општина Гевгелија со слаб до умерен интензитет направи покривка од три до четири сантиметр, која барем до сега не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот.
Раководителот на Регионална подружница ЈП „Македонја пат Штип", Кире Коцев за МИА вели дека во моментов на терен имаат 20 камиони кои ги расчистуваат коловозите и фрлаат абразивен материјал и сол.
Од ЈП „Водовод" информираат дека посебниот телефонски број 047238200 ќе се користи за интервенции врз оштетени водомери или за прекин на снабдувањето со вода за пиење.
Две бездомни лица на возраст од 70 и 56 години од синоќа се згрижени во контејнерите поставени во дворот на Црвениот крст во Струмица, информираа од оваа организација.
Поради снег на коловозот, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан од 07:15 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, соопштија АМСМ и ЈП Македонија пат.
Со целосно остварен годишен план за крводарување Општинската организација на Црвен крст Делчево зад себе имаше успешна 2018 година. Според податоците на Невенка Христова од општинската организација на Црвен крст, во 2018 година во Делчево и Македонска Каменица крводарителите дале 776 крвни единици.