На таванот од семејната куќа во центарот на Гостивар се наоѓа царството во кое Дане Гавриловски е цар и слуга, мајстор и чирак. Во овој простор се создаваат уникатни ножеви кои стануваат дел од колекциите на љубителите на сечивата. Неговите ножеви се за практична употреба, камперски, ловечки, кујнски. За него ножот е алатка за сечење, а не оружје.
Прилепски водовод ги санираше проблемите во водоводната мрежа и го нормализираше дотокот на вода до домаќинствата и институциите предизвикани од поларните температури во породолжениот празничен викенд.
Од поднесени 3.769 барања заклучно со 31 декември 2018 година во изминатите седум години, позитивно се решени 1.087 барања.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Четириесетина сообраќајни прекршоци просечно на ден или нешто под 1500 во текот на декември минатата година открила полицијата на поширокото тетовско подрачје, информираше Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Хидролошката состојба во источниот регион е стабилна и нема опасности од прелевање на вештачките акумулации што би ги загрозило земјоделските површини со поплави.
Општина Бутел информира дека почна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово. Се работи за дел од патот што води крај бензиската пумпа, во должина од 230 метри и ширина од седум метри.
Буџетот на Општина Пробиштип за 2019 година изнесува близу два милиони евра или околу 118 милиони денари.
Општините Радовиш и Тетевен од Република Бугарија годинава ќе реализираат заедничкиот проект „Заедно создаваме подобра иднина”, финансиран од ЕУ програмата „Европа за граѓаните“.
Првороденото дете во Берово за 2019 година е машко, што според беровци навестува богата и бериќетна година.