Општина Валандово најави дека во соработка со Центарот за развој на југоисточниот плански регион ќе реализира проект за уредување на патеката од градот до манастирот „Свети Ѓорги“ со поставување на туристичка инфраструктура по целата нејзина должина и блиското опкружување на манастирот, што претставува и место за излет на локалното население
Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија го реализираше вториот дел од обуката за поставувач на рекреативно-планинарска патеки – маркацист. Како што информираше Љупчо Чучуковски кој е член на комисијата и претседател на ПСК „Голак" Делчево обуката се реализирала успешно.
Општина Новаци и партнерската општина Аминдео од Република Грција одржаа трета работна сесија од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини".
Советот на Општина Дебар на денешната редовна седница, за вршител на должноста градоначалник, со мнозинство гласови го избра Еуген Цами, советник од редовите на Алијасата за Албанците.
Традиционалните козји сирења во Македонија се речиси изгубени, преку 90 проценти од козјото млеко се користи за производство на овчо сирење, а најбројни (иако многу малку) се фармите со по максимум пет кози.
Минимално е зголемен водостојот на Дојранското езеро во однос на декемврискиот просек, а значително пониски водостои се измерени на реките, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Градот Епинал и Битола, кои годинава одбележаат 50 години од збратимувањето, се обврзаа со потпишување на нова Повелба да ја продолжат и продлабочуваат соработката родена под тешкото наследство од Првата светска војна.
Сточари, производители, претставници на земјоделски задруги и професори ќе учествуваат на денешната манифестација „Биодиверзитет на млеко“ што ја органзира Слоу Фуд Македонија по повод 10 Декември, Денот на локалната храна „Тера Мадре“.
Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат тешките услови за живот на 60 годишниот Стоимен Стоилов од село Цера, започна акција за негова помош.
Новогодишни пакетчиња ќе бидат поделени на учениците од планинските села од општина Старо Нагоричане, на децата со интелектуална попреченост, на деца од семејства од социјален ризик.