Нов видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија во Клиничката болница во Штип, вреден 100 илјади евра, промовираа денеска министерот за здравство Венко Филипче и директорот на таа јавна здравствена установа Ален Ѓеорѓијев.
„Промислувајќи го просторот”, е насловена изложбата на Наташа Милованчев, која синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Настанот е во организација на музејот, Домот на култура “Иван Мазов-Климе” и општината, а во рамките на “Кавадаречка културна есен”.
Лозарите од Тиквешко веќе ги кројат лозите. Велат дека не можат да го чекаат верскиот празник „Свети Трифун” уште два месеца, кога вообичаено на симболичен начин, традиционално почнува резидбата.
Кристо Пандофски, лекар специјалист-хирург, Македонец, по потекло од селото Врбник, прогласен е за почесен граѓанин на општина Билишта,Република Албанија.
Македонската информативна агенција-МИА се вклучи во заедничката мобилност на новински агенции од Европа против лажните вести во медиумите, во јавноста познати како “Fake News”. На меѓународна конференција во Тирана, чиј домаќин беше Албанската телеграфска агенција-АТА, ставовите на МИА беа јавно презентирани и се составен дел на стратегијата која ја подготвуваат новински агенции од Европа за справување со “Fake News”.
Добитната комбинација е уплатена во Битола, во продажното место ДИМПО , кое се наоѓа во Градското реонско шеталиште, а уплатени се 3 комбинации на НовоЛото 7/34. Димпо е едно од најпосетуваните места од лото играчите во Битола, а Битола пак до сега се покажа како еден од најсреќните НовоЛото 7/34 градови. Во Битола покрај бројните помали добивки во НовоЛото 7/34, до сега се уплатени и четири седумки , а ова е и деветта добивка 6+1 уплатена во Битола.
По повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија и 60-годишнината од Македонската православна црква денеска ќе се одржи Вториот Светиклиментов научен собир на тема „Вера и општество“.
Земјоделци, производители, дистрибутери на овошје и зеленчук од охридскиот регион денеска приуствуваа на презентацијата и јавната расправа за нацрт-верзијата на физибилити студијата за изградба на откупно-дистрибутивен центар во општина Охрид.
Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со општина Чаир и Мисијата на ОБСЕ во Скопје- канцеларија за развој на полицијата, денеска во ОУ,, Лирија ” отпочна со реализација на проектот „Сообраќајни училишни единици“.
Општина Аеродром доби ново катче за најмладите во Ново Лисиче, лоцирано во непосредна близина на булеварот „Февруарски поход“.