Група средошколци од средни училишта од Гостивар и Скопје, денеска со танц театар кој ќе го изведат напладне пред Владата на РМ ќе го изразат својот револт од состојбата со загадувањето и непреземањето мерки за заштита на децата и младите.
Лозари од Тиквешко бараат ревизија на работењето на Стефанс вајнери која отиде во стечај. Тие се собраа за да се договорат околу следните чекори кои ќе ги преземат, за да си наплатат околу 850 илјади евра од стечајната маса, за грозјето продадено во 2015 година.
Околу 600 птици, меѓу кои канаринци во боја, папагали и егзоти се изложени во рамките на 25 –тиот орнитолошки шампионат што овие денови и претстојниот викенд по првпат ќе се одржува во Тетово.
Општина Велес и „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Дервен“ изминатите два месеца на повеќе локации во градот засадија се 125 високовалитетни листопадни и зимзелени дрвја, како дел од активностите за почиста животна средина.
Едукативен прирачник во вид на приказна за деца со Даунов синдром денеска беше презентиран во основното училиште „Јан Амос Коменски“. Автор на сликовницата е Мимоза Петревска Георгиева, мајка на ученичката Илина, која е со Даунов синдром и е главен лик во приказната.
Водата од водоводот во виничкото село Градец е неисправна за пиење, поради што е издадена забрана за нејзина употреба.
Преку спорт до инклузија на лицата со посебни потреби, ова беше целта на денешните спортски игри, кои беа организирани во Неготино, во организација на Здружението за помош на лицата со ментална попреченост Порака и Основното општинско училиште „Гоце Делчев”.
Советот на општина Велес на последната 24-та седница донесе одлука за изменување и дополнување за општински линиски превоз на патници во оваа локална самоуправа.
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Истибања – брана Калиманци, соопштија попладнево Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) и Јавното претпријатие „Македонија пат“.
За 2019 година се обезбедени рекордни 1,1 милијарди денари за Планот за реализирање на мерките за вработување и со овие средства можеме да испланираме повеќе активни мерки за повеќе граѓани, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната регионална инфо-бизнис средба „Шанса за сите“, што се одржа во Струмица.