Во Град Скопје денеска се одржа работилница „Мрежа на здрави градови“, на која учествуваа Никола Наумоски, раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот, координаторот на проектот „Инхерит“ Драган Ѓорѓев и координаторот на Проектот за здрави населби Џон Хауи, на која се дискутираше за факторите кои влијаат на здравјето на граѓаните, особено факторот животна средина.
Ученици од две штипски средни училишта, советници, вработени во двете јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“, градоначалникот на oпштина Штип Благој Бочварски денеска го пошумуваа крајбрежјето на реката Брегалница, во близина на селото Пенуш.
Делата од годинашната Лесновската ликовна колонија, 27-ма по ред, се изложени во фоајето на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Саит Саит е реизбран на функцијата Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија за мандатен период 2018-2022, соопштија денеска од Црвениот крст.
Клиничката болница во Штип се зајакна кадровски вработувајќи вкупно 51 лице од кои 20 медицински сестри, 12 лекари и останатите технички персонал.
Општина Дебар по смрта на градоначалникот Ружди Лата се уште нема избрано привремен градоначалник . Оваа го изјави секретарот на општината Или Мирзо кој притоа ги демантираше вестите дека Хекуран Дука е избран привремен градоначалник на Дебар.
Под мотото „Не суди кој кого љуби“ денеска започна национална кампања против насилство и дискриминација на ЛГБТИ луѓето.
Здружението за развој и заштита на бездомни животни „Грифон“ од Кичево, пред неколку месеци започна со акција за изградба на стационар, со цел згрижување на бездомните животни во Кичево.
Заврши жетвата и бербата на доцните есенски култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Земјоделците и претпријатија садеа и сееја на вкупна површина 11.725 хектари, од кои најголем процент отпаѓа на земјоделците кои користеле 11.295 површина, а 430 хектари земјоделските претпријатија.
Водостоите на речиси сите реки во земјава се во рамките на просекот за ноември со исклучок на Вардар на мерното место кај Јегуновце каде се бележи зголемување на нивото за скоро половина повеќе од вообичаеното.