Комуналното претпријатие „Солидарност" од Виница е меѓу првите во Македонија кое ја исполни обврската за тарифирање на услугата за снабдување вода за пиење, при што определи граѓаните да плаќаат по 22,5 денари за кубен метар. Тоа е меѓу најниските цени во државата, согласно со законските одредби за цените на водните услуги од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Со повеќе активности во Дебар се одбележува 22 ноември, Денот на албанската азбука.
Сообраќајот на магистралниот пат Маврово-Дебар од 11:00 часот е нормализиран за сите возила, информираат од ЈП Македонија пат.
Водостојот на реките во некои делови од Македонија бележи зголемување, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Првото „Роса школо за родителство“ ќе биде отворено денеска во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
Со свечената Академија и промоција на книги, денеска во Битола се одбележа 22 Ноември, Денот на албанската азбука и 110 годишнината од Битолскиот конгрес.
Кавадарци и перфектурата Пела од Грција, ќе поднесат иницијативи до владите и министерствата за надворешни работи на двете земји, отворањето граничен премин Пуљевац да влезе во агендите на двете страни. За ова денеска информираше Тодор Ефремов, раководител на Секторот за локален економски развој во кавадаречката локална самоуправа.
Од 7 до 25 декември, по 8-ми пат во Прилеп ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал и е по повод патронот наградот – „Свети Никола“.
Владата на седница вчера ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) да склучи договор за кредит од 92.242.500 денари со комбинатот „Југохром“ од Јегуновце за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување.
Повредени лица, давеници, бремени жени кои бараат помош, возила на Итна помош, на противпожарна единица, на МВР, со вклучени сирени пристигаат и заеднички координирано им нудат помош на загрозените, ги извлекуваат повредените од студената Липковка и ги санираат повредите на настраданите.