Реконструкцијата на автопатската делница Велес – Градско во должина од осум километри за која се одвоени 67 милиони денари ќе заврши до крај на месецов.
Муралот „Битола бабам Битола“, централно позициониран во шалтерската сала на битолската Пошта, изработен од академскиот сликар Борко Лазески, неколку години пред неговата смрт, се уште е еден од најмаркантните мурали во градот под Пелистер.
Вкупно донесени 359 одлуки од кои речиси сите едногласно, асфалтирани улици, значително подобрена инфратруктура и услови за школување, организирани голем број културни манифестации и настани, е билансот од едногодишното работење на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
На 15 ноември 2018 година (четврток), започнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март 2019 година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување на законските одредби, за управување со возило во зимски услови, кои возачите треба да ги почитуваат.
Спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“ доби сертификат со три ѕвездички од Европската атлетска федерација, за квалитет на трка и организација на настан.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во реконструкцијата на автопатската делница Велес – Градско.
Во малата сала на Македонскиот народен театар, попладнево, се одбележа 60 годишниот јубилеј од постоењето на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ - Скопје.
За Возарци е неприфатлив предлогот цинкарница да се гради близу селото, реагира Зоран Силјанов, претседател на месната заедница. Во изјава за МИА, тој нагласува дека за над илјада жители во селото, злосторство е ако им се изгради уште една загадувачка индустрија.
Градежната механизација се уште е присутна низ улиците на Нов Дојран, каде се асфалтираат локалните улички.
Црквата посветена на светите апостоли Кирил и Методиј која повеќе од две децении стои недоизградена во Делчево, конечно ќе добие нов надворешен изглед.